Суспендирана воспитувачката на која и избега двегодишно дете


Медицинската сестра воспитувачка , на која двегодишниот Огњен П. Во средата попладне и избега од градинка “Ѕвездена прашина“ и дошетал дури до автобуска станица, е суспендирана и против неа е покрената дисциплинска постапка.

Освен тоа, добила  и  решение за суспендирање на работното место, а сосема е можно дека ќе добие и отказ, изјавиле од Предучилишната установа “11 април“, која е надлежна за градинките  се наоѓаат на Нов Белград.vrtic5

Малечкиот Огнен вчера бил донесен во градинка  каде со другарите поминал половина ден.

-Се смета дека така најдобро ќе го надмине она што го доживеал. Беше насмеан и се однесуваше како  претходниот ден ништо да не се случило, кажале вработените од градинката за медиумите.

Сепак тие вчера не сакале да објаснат како малечкиот Огнен успеал да излезе од градинката а тоа никој од воспитачите да не го забележи и да помине 300 метри до автобуската станица.

Возачот од автобусот прв го забележал детето кое исплашено талкало низ автобусот.

-Забележавме дека Огнено го нема некаде околу 15.50 часот. Тоа е времето кога родителите доаѓаат по децата, беше голема гужва и некој веројатно ја оставил отворена влезната капија, раскажале вработените во градинката, жалејќи се дека има вработено премалку воспитачи и дека секој од нив мора да се грижи за група со повеќе од 40 деца.

Раководителката на градинката

Ги избркала новинарите од оваа установа одбивајќи да коментира за настанот.

Училишниот психолог  кажал дека за детето е најважно што поскоро да се врати на секојдневниот живот и дека доколку родителите и воспитачите постапуваат правило траума не мора да остане.

Мајката на малиот Огнен потенцира дека единствено е важно дека нејзиниот син е добро и дека ништо не му недостасува, како и дека е задоволна од покрената постапка против воспитувачката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1