Свадба на 11 годишно девојче која ќе ве расплаче (Видео)


Џози Метц (11) има татко кој нема да биде жив за да ја придружува низ олтарот еден ден кога таа ќе одлучи да се омажи, но благодарение на фотографката Линдзи Вилаторо, девојката ќе има незаборавно искуство кое можеби ќе ја олесни тагата еден ден кога татко и повеќе нема да биде со неа.

devojcica-vencanje-foto-printskrin-1396433415-472415Всушност, на нејзиниот татко Џим (62) веќе му бил дијагностициран рак на панкреасот кога тој и неговата сопруга одлучиле да ја ангажираат Линдзи, основачот на Love Song Photography која пред две години на тешко болните клиенти им ги документирала патувањата.

„Јас сакам да ја прикажам личноста, а не нивната болест”, изјавила Линдзи.

Откако Џим заедно со својата сопруга Грејс, ја посетиле таа им понудила да направи неколку фотографии со нивната ќерка, а потоа на својот веб-сајт покренала акција, донации за девојката да го помине последниот роденден со својот татко колку што е можно подобро.

devojcica-vencanje-foto-printskrin-1396433340-472409

Но, фотографката одлучила да отиде и еден чекор понапред и ја испланирала “свадбената церемонија” за да и’ овозможи на девојката да го доживее моментот како татко си ја води кон олатрот. Подготвила се што е потребно за вистинска свадба и набавила дури и венчаница.

vencavka devojce

„Таа беше преплавена со емоции, но подоцна рече дека тоа бил најдобриот ден во нејзиниот живот. И беше навистина мило и беше превозбудена поради се што се случуваше”, изјавила Вилаторо кога го снимила и видеото кое подоцна стана вирален хит.

„Сакаат луѓето да ја видат нивната приказна и да се чувствуваат како дел од нивното семејство. Ќе дојде денот кога Џим нема повеќе да биде со нив. Затоа, им овозможив на сите да го видат нивното семејство и да ја почувствуваат приврзаноста. Целта ми е да ја овековечам личноста. Сите се концентрираат на смртта, а не на убавината на личноста, кои биле и какво сеќавање ќе остават позади себе”, заклучува Вилаторо.

vencavka1-630x420

Откако Џим заедно со својата сопруга Грејс, ја посетиле таа им понудила да направи неколку фотографии со нивната ќерка, а потоа на својот веб-сајт покренала акција, донации за девојката да го помине последниот роденден со својот татко колку што е можно подобро.

vencavka devojce2

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1