Свадба во секташки врв: 25.000 гости само мажи и невеста која не смее да се открие (Видео/Фото)


Приемот го блокирал целиот Ерусалим, а гостите до зори ја славеле венчавката на идниот лидер на најмоќната еврејска династија.

252209_10151602839251037_38333334_nСвадбите секогаш се големи случувања, но оваа била организирана по повод стапувањето во брак на внукот на лидерот на најголемата еврејска секта, 18-годишниот Шалом Рокич и неговата 19-годишна свршеница Хане Батје Пенет.

Имено, на оваа ултра-ортодоксна еврејска свадба присуствувале неверојатни 25.000 луѓе, членови на Хасиди сектата кои дошле да го прослават овој важен ден за нивниот лидер.Според обичаите на оваа влијателна гранка на јудаизмот, невестата пред свадбата не смее да зборува со мажи, а за време на целата церемонија нејзиното лице мора да биде сокриено од погледот на сватовите.

Белц Раби, династијата чиј наследник склопил брак на светата ерусалимска земја, е меѓу најстарите и најмоќните секти на еврејската вера. Нивните корени датираат од 14-от век, а по потекло се од Полска.

Свадбата, составена од два традиционални дела, траела до утринските часови, а улиците на Ерусалим биле затворени додека церемонијата не завршила.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1