Свекрвата ја гризнала за рака – таа отишла на инфективна


Жена го оставила сопругот и дошла во станот да си ги земе алиштата но ја начекала свекрвата. Почнале да се караат а кавгата набрзо прераснала во мини тепачка.

hand_biteОва се случило во стан на улицата Шпански Борци во Нов Белград. Жената идентификувана од полицијата како М.И се здобила со повреди.

Нејзината свекрва ја гризнала за раката. Жената сама со својот автомобил се одвезла до болница. Но наместо на дежурен лекар таа отишла на инфективната клиника.

Кога ја прашале лекарите зошто дошла кај нив рекла – поубаво прво да ме дезинфицирате од беснило, а раната ќе си заздрави.

Санирани и се повредите. Полицијата по тврдењето на жената дека била нападната и гризната од свекрвата направила разговор и со двете жени и против свекрвата е поднесена пријава.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1