Светот го виде новиот IPhone и IWatch – Ова е IPhone 6 (Видео/Фото)


Ајфон 6 и Ајфон 6 Плус се двата нови модели на популарниот паметен телефон на Apple, кои се лансираат во овие моменти на пресконференцијата која е во тек а како да ја следите во живо може да видите на следниот линк

ЛИНК – Следете го во живо настанот на Apple

Ајфон 6 е дебел само 6,8 милиметри, а Ајфон 6 плус – 7,1 милиметар. Првиот има екран од 4,7 инчи, а вториот – од 5,5 инчи. И двата модели имаат Ретина ХД екрани – 1334Х750 и 1920Х1080 пиксели.

iphone6

„Ова се најдобрите Ајфони кои некогаш се направени“, рече извршниот директор, Тим Кук претставувајќи ги телефоните.

iphone6 1iphone6 3

iphone6 4iphone6 2

Освен телефоните, Кук ќе го претстави и новиот произво на Епл – паметниот часовник Ајвоч, за кој се очекува да отвори цел еден нов пазар на часовници со посебни функции.

Љубителите на Епл веруваат дека Ајвоч е најдоброто технолошко достигнување кое ќе биде промовирано годинава. Пристигнувањето на новите модели на Ајфон со нетрпение се очекува. Иако тие треба да се најдат во продажба дури кон крајот на месецов, пред најпознатите продавници на Епл во САд уште од сега има луѓе кои нестрпливо чекаат да станат првите сопственици на овие паметни телефони.

iwatch

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1