Светот во шок: Славниот диџеј Авичи почина на 28 години – пронајден мртов во Оман


Еден од најуспешните продуценти на електронската музика и диџеј, Авичи, кој има соработувано и со Мадона, Рита Ора и „Колдплеј“, починал во Оман на 28-годишна возраст.

Причината за смртта не е објавена, додека неговиот менаџер кажа дека натамошни изјави нема да се даваат.

„Со голема тага соопштуваме за загубата на Тим Берглинг, попознат како Авичи. Семејството е скршено и ги замоли сите за приватност во овие тешки моменти“, се вели во изјавата на менаџерот.

Авичи во минатото имаше здравствени проблеми како последица на прекумерно консумирање алкохол и токму од таа причина се повлече од настапите во 2016 година.

Тој беше едно од најголемите имиња на светската денс сцена во последните десет години, двапати беше номиниран за Греми награда и имаше два броја еден на британската топ-листа.

Според неговата портпаролка Дијана Барон, тој бил таму за да посети пријател.

„Со длабока тага известуваме за загубата на Тим Берглинг, ака Avicii. Тој беше пронајден мртов во Маскат, Оман во петокот попладне на 20 април. Семејството е уништено од вестите, така што ги замолуваме сите да ја почитуваат нивната потреба за личен простор во ова тешко време. Нема да бидат дадени повеќе информации“, вели г-ѓа Барон.

Avicii си освои светска слава со хитови како Hey Brother, Wake Me Up и номинираните за „Греми“ – Levels и Sunshine. Неговата последна песна е Lonely Together. Тој соработува со пејачката Рита Ора.
Avicii продуцираше музика за светски ѕвезди, како што се Мадона и Колдплеј. Во 2015 година списанието „Форбс“ го рангираше како шести најплатен Ди-Џеј во светот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1