Светска банка: Жените го поднеле најголемиот товар на финансиска криза во 2008 -та


Според студијата на Светската бахка, за време на финансиската криза во 2008-та година, која не ги поштеди ниту најсиромашните земји, жените, биле во првите “борбени“ редови  и го поднеле најголемиот товар .


Припадничките на понежниот пол, за време на последната економска криза, биле поприсутни на пазарот на трудот, отколку во претходните кризни периоди, но поради ранливоста на извозниот сектор во кој се присутни во голем број, тие почесто ги губеле своите работни места.
Покрај тоа, жените  го извлекле подебелиот  крај од ударот на финансиската криза и поради улогата што ја имаат во семејството, бидејќи обично тие се грижат за исхраната и воспитувањето на децата.
Истражувањето, спроведено во многу земји низ целиот свет покажа дека припадничките на женскиот пол, требале да вложат многу време и напор за ја набават најевтината храна и огрев за нивните семејства, објаснуваат аналитичарите од Светската банка.
Авторите на студијата, исто така, наведуваат дека жените биле подложни  на поголем стрес во околината на семејството, предизвикан од кризата, која доведе до голем пораст на цените на храната, особено во земјите во развој.
Во извештајот се додава, дека припадничките на понежниот пол, биле принудени да најдат и начини да ги утешат, охрабрат и дисциплинираат децата кои се соочувале со глад.

Tags: , , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1