Боби Кристина почина на 26 јули, а конечно по тој повод се огласи и нејзиниот свршеник Ник Гордон. Тој објавил емотивна порака на Твитер со која се опрости од ќерката на Витни Хјустон и Боби Браун.
Пораката била објавена на неговиот приватен профил, но медиумите сепак успеале да дојдат до нејзината содржина.
– Ги гледам нашите фотографии и понекогаш тоа ме смее, а понекогаш ме расплакува. Толку сум среќен и благословен што те имав во својот живот. Засекогаш ќе те сакам, напишал Гордон.
Боби Кристина во јануари беше пронајдена во својата куќа во несвесна состојба, после што шест месеци беше во кома пред да почине. Семејството наводно му забранило на Гордон да присуствува на погребот.