Тедрос Аданом Гебрејесус, генералниот директор на СЗО, рече дека сега има повеќе од 118.000 заразени во 114 земји, а животот го загубиле 2.929 луѓе.
„Пандемијата не е збор што се користи лесно или безгрижно. Тоа е збор што, доколку се злоупотреби, може да предизвика неразумен страв или неоправдано прифаќање дека борбата е завршена, што доведува до непотребно страдање и смрт.
Опишувањето на ситуацијата како пандемија не ја менува проценката на СЗО за заканата од овој коронавирус. Не го менува она што го прави СЗО и не го менува тоа што треба да прават државите“, рече Гебрејесус.