Клeр Далу имала само 29 години кога и дијагностицирале рак на кожата, ист каков што имала нејзината мајка.
Поради естетски причини дозволила да и отстранат младеж токму на местото каде ракот избил, а докторите направиле пропуст не го пратиле на биопсија.
Kај девојката меланомот и бил дијагностициран прекасно за да и го спасат животот.
Со светла кожа, Клeр сакала да биде на сонце, но никогаш не претерувала со изложување на неговите зраци. Секогаш била внимателна.
– Дијагнозата ни беше шок. Додека беше млада, неколку пати беше во солариум, но го избегнуваше. Секогаш се штитеше од сончевите зраци, вели нејзиниот брат Михаел Мек Нали.
Во јули 2014 година Клер се омажила за своето долгогодишно момче Поу. Луѓето велат дека биле совршени еден за друг. Животот бил пред нив.
Само година дена претходно, Клер отстранила младеж од левото рамо, зашто и сметал при облекувањето.
Докторите кои го отстраниле не го пратиле на биопсија, за да утврдат дали се работи за рак на кожа.
Две години по отстранувањето на младежот и само една по венчавката, Клер почнала да чувствува болки во рамото. Во почетокот мислела дека истегнала мускул, но болката станувала се посилна, па посетила доктор.
Ја упатила на киропрактичар, но тој утврдил дека не станува збор за истегнат мускул. Само 4 месеци откако и се појавила болка и дијагностицирале меланом.
На Клер и било кажано дека нема долго да живее, а нејзините блиски велат дека и покрај се, до самиот крај настојувала да биде ведра, поради нив.
– До самиот крај беше ведра и расположена за разговор. И покрај се, не се промени, додал нејзиниот брат кој основал здружение во нејзино име и во име на сите луѓе кои заболеле од меланом.