Мендух Тачи повторно e избран за претседател на Демократската партија на албанците. На шестиот конгрес, Тачи како единствен кандидат за претседател на партијата доби апсолутна поддршка од сите кандидати.
Од вкупно 683, на Конгресот присуствуваа 677 делегати. Тачи истакна дека ДПА ќе биде дел од власта само ако биде почитувана и прифатена нивната платформа и програма.
„Шестиот конгрес Албанците ги дочекува заморени, заморени од големата политичка, економска, културна деградација, заморени од чекање на евроинтеграциските процеси. Албанците се незадоволни од партијата на власт, које не ги остварува своите ветувања.
Основно е да се врати демократијата во општеството бидејќи меѓу луѓето владее страв, а така не се донесуваат рационални одлуки. ДПА ќе е дел од власта само ако се почитува и прифати нашата платформа и програма. Во прв план ни се прво интересите на Албанците, па потоа на сите останати граѓани “ рече Тачи во своето обраќање.