Tag Archives: s1

Рускоска: Јанева уште е во филмот на „Чарлиевите ангели“, таа избра да биде на страната на злото

Катица Јанева уште е во филмот на „Чарлиевите ангели“, со овие зборови обвинителката Вилма Рускоска, ги почна завршните зборови за предметот „Рекет”. Според неа, Јанева со своите Чарлиеви Ангели, била подигната на пиедесталот, но таа на крај избрала да биде на страна на злото. Рускоска потсети на денот кога сведокот Јордан Камчев (осомничен во ,,Империја”) […]

______________________________________________________________________________________________________

Повторно раст на новозаболени од Ковид-19, да се почитуваат препораките

Бројот на новозаболени од коронавирусот во државава повторно е во пораст. Според вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се 37 нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број дијагностицирани од почетокот на епидемијата, досега, достигна 1.978, бројката на починати е 113, оздравени пациенти се 1.422, а има и 443 активни случаи. Од 37-те […]

______________________________________________________________________________________________________

Прва трансплантација на срце – чекавме неколку минути, сите молчевме, а кога зачука срцето се слушна ракоплескање

„Кога се беше завршено требаше да почекаме неколку моменти за да зачука срцето. Реагиравме за да го помогнеме овој процес и тоа се случи. Пресаденото срце работеше со очекуван ритам. Салата беше полна и нормално дека имаше позитивни реакции. Прво неколку секунди сите молчеа, а потоа се слушна ракоплескање, воодушевување, а имаше и по некоја […]

______________________________________________________________________________________________________

103 полицајци во изолација, 14 од нив позитивни на Ковид-19

Сто и три прпадници на полицијата се ставени во изолација, а 14 од нив се позитивни на Ковид-19. Засега не се знае како дошло до нивно заразување. Во изолација се ставени полицајци од Скопје, Тетово, но и од други градови. Македонскиот полициски синдикат бара од министерот за внатрешни работи да најде начин за да обезбеди […]

______________________________________________________________________________________________________

За викендот карантин од сабота од 19 часот до вторник до 5 часот наутро

Комисијата за заразни болести предлага карантин за претстојниот празничен викенд, кој ќе почнува од сабота од 19 часот до вторник до 5 часот наутро, изјави Министерот за здравство. Филипче вели дека оваа мерка е предложена бидејќи најголем број од последните случаи се поради семејни собири. Побара институциите ревносно да работат и да има поголема контрола […]

______________________________________________________________________________________________________

Влада: Се укинува домашната изолација, која беше задолжителна после државниот карантин

Владата на Република Македонија на денешната 55-та седница го прифати предлогот на Главниот штаб за координација, врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово. На оваа седница е прифатен и предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Основниот граѓански суд Скопје од утре продолжуваат сите закажани судења

Основниот граѓански суд Скопје информира дека од утре ќе се одржат сите закажани судења согласно Одлуката за постапување на судовите во Република Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19. -Одлуката за постапување на судовите во Република Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19, донесена од страна на […]

______________________________________________________________________________________________________

На 1 јуни Србија ги отвора границите со Македонија и со уште 3 земји

На 1 јуни Србија ќе ги отвори границите со Македонија, но и со уште 3 земји од окружувањето, дознава Блиц.рс. Како што пренесува порталот, во потполност ќе се отворат границите со Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора. Ваквата одлука е донесена, бидејќи ниту една од овие земји не беше жариште на коронавирусот. Одлуката е донесена […]

______________________________________________________________________________________________________

Лажен е-меил од лажна адреса кој наликува на МЗ, известено е МВР и се постапува за овој случај

Министерството за здравство информира дека меѓу граѓаните се шири е-маил со невисината содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство, јавува Сител. Известен е Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи кој веќе постапува за овој случај. Официјалната е-маил адреса на ресорното Министерство е: [email protected]. Упатуваме апел […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија прва по смртност од коронавирус во соседството

Македонија повторно е со поразителни резултати на листите кои прават статистика на заболени и починати лица од коронавирусот. Во соседството, нашата држава е на неславното прво место. Имаме најмногу смртни случаи во споредба со Грција, Србија, Албанија, Бугарија и Косово, сите соседни земји, на починати на еден милион жители. Меѓу земјите од регионот, пак, само […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина Драган Вучиќ – од компликации од корона вирусот

На Инфективната клиника во Скопје изутрината почина еден од најпрепознатливите лица на македонската забавна сцена. Естрадата го загуби Драган Вучиќ, телевизискиот лик долги години присутен на малите екрани. Вучиќ во претходните денови бил во тешка здравствена состојба и бил приклучен на респиратор, по компликациите предизвикани од коронавирусот. Борбата за оздравување почнала пред 10-ина дена, откако […]

______________________________________________________________________________________________________

Нема враќање на училиште

Учениците не се враќаат во училишните клупи до 10 јуни. Министерот за образование Адеми соопшти дека основците и средношколците продолжуваат со настава како и досега, преку интернет од дома. Годинава нема да има полагање ниту матура. Се укинува и државната и училишната матура но и завршниот испит во средните училишта. Сепак Адеми појасни дека сите […]

______________________________________________________________________________________________________

40-ти ден докторка од Куманово позитивна на корона – а и кратат плата

Гордана Николиќ, една од првите здравствени работници, која во кумановската болница се зарази од корона вирусот, веќе 40-ти ден е позитивна на Ковид-19. Таа на фејсбук ја сподели својата лична борба со вирусот, но и со Фондот за здравство. Како лекар кој се заразил на работното место, таа плаќа партиципација за лекарските услуги, а згора […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицискиот час во петок, сабота и недела ќе почнува во 14 часот

Првомајскиот викенд карантин ќе стартува од 14 часот. Владата се откажа од идејата за тридневно целосно ограничување на движењето на граѓаните. Во петок, сабота и недела движењето ќе биде дозволено од 5 часот изутрина до 14 часот попладне. Посебни мерки ќе важат и за старите и младите лица. За граѓаните над 67 години полицискиот час […]

______________________________________________________________________________________________________

Од утре почнува лекување на заболените од Ковид-19 со крвна плазма и со примена на озонотерапија

Лекувањето со крвна плазма на заболени со Ковид-19 кај нас ќе започне од утре. Во болницата „8 Септември“ ќе започне лекување на овие болни со озонотерапија, изјави денеска министерот за здравство Венко филипче. -Дури и со овие два начини на лекување и со крвната плазма која што почнува практично од утре, за првпат ќе се […]

______________________________________________________________________________________________________

Новинарот Адамчевски излекуван од Ковид 19: Да лежиш само еден ден на Инфективна ќе сфатиш колку е страшно

Новинарот Мирче Адамчевски е еден од излекуваните од коронавирусот  и од утре ќе може да излезе од самоизолација. Своето искуство од лекувањето Адамчевски го сподели на „ММС.мк.“ -Да, лежев на Инфективна две недели, уште две недели во изолација и конечно од утре  ќе излезам да се прошетам. Заболев дома,се собравме и некој од членовите на семејството […]

______________________________________________________________________________________________________

Симптоми на корона вирус кои ги имаат заболените во земјава

Според последните официјални податоци за Ковид-19 во земјава , регистрирани се вкупно 1.300 лица кои се позитивни на коронавирус. Како што беше објавено од Министерството за здравство во Македонија најчесто се регистрирани пациеннти со следните симптоми: -Температура (64,7%), кашлица (53,1%), малаксаност (34,1%), треска (19,2%), главоболка (16,9%), болка во грло (16,2%) и отежнато дишење (14,1%). Според […]

______________________________________________________________________________________________________

20 евра казна за неносење маска

Од денеска е задолжително носењето на маска, шал или марама, а уредбата веќе е објавена во Службен весник. За непочитување на уредбата се предвидени и парични казни од 20 евра за физички лица, па се до 2.000 евра за правни лица. Па така, со 20 евра би се казниле граѓаните кои би го прекршиле члентот […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1