Откако во светските медиуми се појави веста дека принцеза Дајана била во врска со Ерик Клептон, новите сознанија го шокираа светот.
Неодамна е откриено дека принцот Чарлс и покојната Дајана имаат ќерка која ја добиле со вонтелесно оплодување. Иако тајните во кралските семејства се чуваат под клуч, британскиот магазин Глоб, пишува дека Дајана во 1980 година била на гинеколошки преглед, како и дека нејзината јајце клетка била оплодена, но и дека настанатиот ембрион требало да биде уништен. Докторот одлучил без нивно знаење да го задржи ембрионот, кој потоа го всадил во својата сопруга. Таа така станала сурогат мајка на принцот Чарлс и принцезата Дајана, кои наводно ништо не знаеле за тоа.
Девојче по име Сара е родено во 1981 година, по загинувањето на нејзините родители, пронашла дневник во кој ја дознала вистината за нејзиното доаѓање на свет. Во тој момент посакала да ги најде своите биолошки родители, но пред две години добила смртни закани во кои се наведува да се откаже од таквата идеја.
По тешките мигови кои ги доживеала, Сара го сменила идентитетот и се преселила во Америка. За време на посетата на Њујорк, Кејт Мидлтон ја запознала Сара заедно со нејзиниот сопруг принц Вилјам. Како пренесува Глоб, принцот не сакал да ја запознае својата сестра, а Кејт потврдила дека Сара многу личи на принцезата Дајана.