Тајна вредна милијарда долари: Што кријат во пустината во Невада?!


Ареа 51 е воена база, која се наоѓа во јужниот дел на Невада, околу 130 километри северозападно од Лас Вегас. Главната цел на базата, која уште и ја нарекуваат “Dreamland” и “Рајскиот ранч” е за развој и тестирања на експериментални воени авиони и воено оружје.

Area 51 UFO siteБазата е дел од областа “Nellis”, а воздушниот простор околу базата, R-4808, изнесува површина од 37х40 километри ограничен за летање. Воените пилоти често го нарекуваат “кутија”. Неовластено летање во овој возушен простор повлекува со себе воено судење и затвор.

Околу целата база се поставени сензори на движење, и патролираат најмени чувари, познати како Camo Dudes, поради камуфлажираните униформите кои ги носат.

Во близина на Ареа 51, изведени се најголемите тестирања на атмосферски нуклеарни оружја во историјата, во областа Yucca Flats, 5 вакви бомби беа фрлени во Хирошима.

Базата под превезот крие многу тајни, а нејзиното постоење долго време го негираше и самата Влада на Америка. Поради тоа, околу Ареа 51 се созадоа голем број теории на заговор, некои од нив тврдат дека во базата се крие неидентификуван летачки објект, или НЛО.

ЦИА: Ареа 51 постои, но во неа не се крие НЛО

area-51-voznemjanski-letala-chuda-vonzemjanci-amerika-ni-krie-05Во август 2013-та година, ЦИА објави документација која го докажува постоењето на мистериозната база, но нејзината намена е многу понезначајна отколку што сите веруваа. Според документацијата, Ареа 51, во главно служи за тестирање на владините програми во воздушниот простор, на пример, тестирањата на U-2 и OXCART. Шпионскиот авион U-2, може да прелета огромна оддалеченост на големи височини и да издржи 12 часови во воздух. Неговата намена била да ги следи руските и другите комунистички територии за време на Студената војна.

Во документарецот не се споменуваат соби за вршење на аутопсија на вонземјани ниту пак простории со вселенски бродови. Овие информации разочараа многумина кои дури беа тргнале во посета на зоната за да си ги потврдат своите ставови и сомнежи за вонземјаните. Сепак, “вистинските” поддржувачи на теориите на заговор сметаат дека траговите од вселенските бродови и вистинската цел на Ареа 51 навистина постојат таму, но се добро сокриени.

Во базата живее вонземјанецот J-Rod и соработува со луѓето?

area 51Првите теории на заговор за Ареа 51 се појавиле кон средината на 20-от век. Се претпоставува дека во Ареа 51 кријат тела од вонземјани кои стигнале на планетата откако нивното вселенско летало паднало во Росвел, Ново Мексико. Исто така, се верува дека внатре во базата се сокриени и други напредни летала кои не се произведени од луѓето, туку луѓето пробуваат да ги копираат. Се знае и дека во Ареа 51 полетаа шпионските авиони U-2 и неговиот наследник SR-71 Црнаптица.

Подоцна, се вршеле тест летови и на леталата F-117 и F-22, т.н. “невидливи” авиони кои користат украдена технологија.

Некои се сомневаат дека таа технологија не е создадена само од рацете на човекот, веруваат дека за неа човековиот род може да му се заблагодари на вонземјанинот J-Rod кој соработува со луѓето во базата.

area-51-voznemjanski-letala-chuda-vonzemjanci-amerika-ni-krie-03Станува збор за еден од преживеаните вонземјани од вселенскиот брод кој се срушил кај Росвел во 1947-та година. Приказната ја дознаваме од двајца поранешни вработени во базата.

“Научник” тврди дека работел на вонземјанско летал

Во 1989-та година, самопрогласениот научник Роберт Лазар, – изјавува Џорџ Кнаппу, новинар од Лас Вегас – раскажува како за време на неговото работење во Ареа 51 имал прилика да работи на вонземјанско летало. Тврди дека бил вработен во оддел S-4, во кој имал пристап до документи кои посочуваат дека се спроведува истражување на антигравитациски реактори за употреба во погонските системи.

Тој бил шокиран, но сепак, уште повеќе се изненадил кога го однеле во хангар и му покажале 9 летачки дискови од “вонземјанско потекло”. Објаснил како на дисковите за користење на антигравитациски погон потребен им е елемент, наречен 115. На земјата, таква супстанција тврдел дека не постои, ниту пак може да се синтетизира, туку мора да се земе од пределите на кои настанува по природен пат и процес. Според неговата приказна, американската влада од “вонземјанските летала” успеала да земе дури околу 230 килограми од елементот 115.

area 512Тоа е хемиски елемент, чие привремено име гласи ununpentium и во Периодичниот систем на елементи би го носел симболот UUP. Еден од најтешките хемиски елементи некогаш откриени, кој не може да се најде во природата на планетата Земја. Со заеднички сили, руските и американските научници успеале да го синтетизираат дури во 2004-та година. Добиениот изотоп ununpentium опстанал само 160 милисекунди поради својата екстремна нестабилност. Теоретичарите на заговор за Ареа 51 често го споменуваат мистериозниот елемент 115 за кој тврдат дека се користи во вонземската технологија.

По објавувањето на интервјуто на Лазар, почнале да се јавуваат многу кои тврделе дека на небото над полигонот во Ареа 51 приметиле невообичаени светла, кои се движеле во “маневри, кои се надвор од можностите на дотогаш познатата воздухопловна технологија.” Некои од дојавите за невообичаените видувања се објавени и во угледното списание “Aviation Week & Space Technology“.

Повеќе на Точка.ком.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1