Тајната на кафените очи


Најновата чешка студија наведува дека луѓето со кафени очи влеваат повеќе доверба, отколку луѓето со сини очи.

Научниците од Филозофскиот факултет во Прага фотографирале 40 мажи и жени од 20-тина години со кафени и сини очи.

oci-vid-aspirin-1328585176-106018Потоа фотографиите ги покажале на група од 238 волонтери од двата пола. Резултатите покажале дека поголемиот дел од волонтерите одговориле дека кафените очи влеваат повеќе доверба. За да ја потврдат теоријата направиле експеримент – на луѓето со сини очи во фотошоп им ја смениле бојата, а на оние со кафени им ставиле сини. За изненадување повторно во купчето со најмногу доверба биле оние кои на фотографиите имале кафени очи.

Тие претпоставуваат дека мажите покрај кафените очи имаат анатомија на лицето која влева повеќе доверба. Поголема уста, поширока брада, погусти веѓи, посилни носеви и построги црти на лицето.

Жените со кафени очи

Жените со кафени очи се сметаат за најголемите заводнички. Во нив има многу енергија и огромна желба за живот. Освен тоа тие знаат вистински да сакаат, максимално се раздаваат и се грижат за луѓето што ги сакаат.

Друга важна работа што треба да ја знаете за дамите со кафени очи е дека се особено емоционални. Но тоа се должи на нивното големо срце. Тие не очекуваат дека некој би можел да ги повреди или да им наштети, тргнувајќи од фактот дека самите тие не се спремни и не ни помислуваат на такви подли игри. Затоа бидете внимателни за да не ги повредите. Бидејќи тие се вистинско богатство и еден ден горко ќе жалите што сте ги оставиле!

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1