Тајната на „ролексот“ на Аркан: Цеца двапати подарила часовник од 120.000 евра!


Рачниот часовник „ролекс“ вреден околу 120.000 евра, кој на Вељко Ражнатовиќ во аманет му го оставил татко му Жељко Ражнатовиќ-Аркан, а му го подарила за 18-иот роденден мајката Цеца, веќе е еднаш подарен.

Имено, српската фолкерка своевремено го позајмила од Аркан за снимањето на спотот за песната „Иди док си млад“.

svetlana-raznatovic-veljko-raznatovic-arkan-sat-1418502175-598721

Златниот часовник направен од 18 каратно злато кој е опточен со дијаманти завршил на рацете на манекенот Џорџо Дувњак, кој глумел секси дрвосечач кој и го крши срцето на Цеца во екранизацијата на таа песна.

Спотот е снимен пред 19 години и во него првпат некоја српска ѕвезда се вози со скапоцена лимузина „ролс-ројс“.svetlana-raznatovic-veljko-raznatovic-arkan-sat-1418502162-598717

– Ваков „ролекс“ може да се добие само по нарачка. Се проценува дека вреди околу 120.000 евра. Неговите сопственици добиваат со часовникот и посебен пасош како своевиден сопственички лист кој им служи кога го пренесуваат од една земја во друга – вели извор за српски „Курир“.

Сличен модел од серијата „голден деј-дејт“ кој сега ја краси раката на Вељко носат тенисерот Роџер Федерер и голферот Тајгер Вудс, а женската верзија српската тенисерка Ана Ивановиќ.

Вељко го добил часовникот на денот на своето полнолетство од Цеца, која ја исполнила желбата на својот покоен сопруг Аркан да го носи неговиот наследник.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1