Во време кога сведочиме на потресни животни судбини во екот на бегалската криза, да се покаже хуманост и да се помогне на другите е неизмерно важно. Секој од нас може да биде подобар човек ако ги отвориме срцата исто како што целиот свој живот го правела иконата на 20 век, Мајка Тереза.
Животот го поминала служејќи на сиромашните, болните, сирачињата и луѓето на умирање, на тие кои целиот свет ги заборавил и отфрлил. Сите, освен оваа исклучитална жена со албанско потекло родена во Скопје пред точно 105 години. Ширум светот градела и домови во кои ги примала најсиромашните, а една таква куќа е изградена и во Загреб.
Чувани во капела на Нова Веса
Од секогаш Мајка Тереза имала посебна врска со Хрватска. Како девојче се школувала во Загреб каде живее и еден од нејзините најдобри пријатели и човек кој бил, како што самиот вели, нејзин материјален помошник, монсињор Мијо Габриќ.
Тој во капелата на св. Дизмо на загрепската Нова Веса чува сандали кои Мајка Тереза ги оставила во Загреб кога во 1979 година патувала на доделувањето на Нобеловата награда за мир во Осло. – Пред патот во Осло, Мајка Тереза свратила во Загреб. Кога ги видов нејзините стари сандали, постари веројатно од 20 години, и реков дека не може во нив да прими Нобелова награда и одлучив да и купам нови – ја почнува приказната мосињор Габриќ.
– Во продавница на Астра која тогаш се наоѓаше на аголот на Бакачева и Под ѕидот, и купивме неколку нови сандали од кои таа избра едни, а останатите ги дадовме на сиромашните. Тие сандали ги носеше се до својата смрт до 1997 година – додаде Габриќ. Калуѓерките кои живееја во Франкопанска 17 и даруваа џемпер да не и биде ладно во Осло. Но, старите сандали на Мајка Тереза не завршија во ѓубре.
– Ги зачував и тоа со света побожна итрина, бидејќи знаев дека тие еден ден ќе бидат свети – се смешка Габриќ. Кога капелата св. Дизмо се реновирала, монсињор се одлучил сандалите да ги остави таму за цела вечност. Никогаш нема да се распаднат, бидејќи пред да бидат оставени на чување во херметичка витрина исполнета со кислород, биле бомбардирани со Икс зраци во институтот Руѓер Бошковиќ.
Многу луѓе, посебно тешко заболени доаѓаат во капелата да се молат покрај сандалите и посведочуваат дека молитвите им биле слушнати. Колкава била духовната моќ на Мајка Тереза, Габриќ почувствувал откако првпат се ракувал со неа.
Не постои зол човек
– Кога во Индија ми пружи рака, имав чувство дека некој ме допре со волшебно стапче! Од тогаш животот би го дал за неа. Зрачеше со огромна харизма, сугестија и светост. За неа не постоеше ниту еден зол човек, сите беа добри.
Ние луѓето обично имаме некоја сметка, можеме да простиме но не и да заборавиме. Таа не само што простуваше се, туку на никого ништо не замеруваше и тоа е нејзината големина – вели Габриќ.
Мајка Тереза во текот на примањето на Нобеловата награда одржа говор пред 36 години, но нејзините зборови секогаш ќе бидат актуелни, инспиративни и неверојатно силни.
– Ова е прекрасна пригода во која сите заедно можеме да прогласиме веселба поради ширење на мирот, радост поради љубовта која ја даваме едни на други и радост и знаење дека најсиромашните луѓе се наши браќа и сестри – рекла Мајка Тереза по тој повод.