Осумдесет проценти од соништата ги сонуваме во боја но, понекогаш сонуваме и во црнобела техника. И двата пола подеднакво често сонуваат дека партнерот ги изневерува, а во женските соништа постојат повеќе ликови.
Иако научниците не можат во потполност да ја објаснат целта на соништата, сигурни се дека сите луѓе сонуваат и тоа понеколку сонови во текот на ноќта. Секој сон трае помеѓу 5 и 12 минути, а на поголемиот дел не се сеќаваме. Додека некои психолози тврдат дека соновите се начин на кој мозокот го организира помнењето и меморијата создадена во текот на денот, други истакнуваат дека тие се „нус производ“ при чистење на токсините или непотребните содржини од мозокот.Просечниот човек поминува дури и до 6 години од својот живот сонувајќи. Сепак постои разлика во соништата помеѓу мажите и жените. Мажите често сонуваат личности од истиот пол, а жените подеднакво ги сонуваат припадниците на двата пола. Машките сонови често се полни со агресија, а женските траат подолго и вклучуваат повеќе ликови. Двата пола подеднакво често сонуваат дека партнерот ги изневерува што е и еден од најчестите сонови.
Таквиот сон нормално не значи вистинско изневерување туку е манифестација на потсвесниот страв од осаменост и губиток. Соновите се како репрезентација на несвесните желби и нагон на кој не можеме да влијаеме нешто што го проучувал и таткото на психоанализата Сигмунт Фројд. Меѓутоа се проучувале и техниките на контролирање на соништата. Сонот во кој сме свесни дека го сонуваме се доживува за време на попладневна дремка.
Сонови во кои паѓаме често се последица на мала парализа
Еден од универзалните сонови е оној во кој паѓаме во бесконечност. Ако одма се пробудите можеби станува збор за мала парализа. Во текот на спиењето мозокот „ги исклучува“ мускулите, а веднаш по будењето тие се затегаат што создава чувство на паѓање. Можно е да настане и застрашувачко но безопасно пореметување при кое парализата трае подолго па будниот човек не може да се помрдне.
Дали е подобро да се спие пред или после учење за испит
Соништата се начин на кој ги процесираме и сфаќаме новите информации. Затоа пред испитот попаметно е да се спие и да дозволите материјалот да се среди во вашата глава отколку да се остане буден и да се учи цела ноќ. Покрај тоа што на испит ќе дојдете ненаспиени не сте му овозможиле на мозокот квалитетно да го обработи она што сте го учеле.
Сите луѓе сонуваат дека некој ги прогонува
Во различни култури постојат универзални соништа. Тоа се на пример соновите во кои некој не прогонува, во кој сме нападнати или паѓаме во бесконечен простор. Во групата на универзални соништа спаѓаат и оние во кои доживуваме чувство на вкочанетост и неможност за било каква акција. Секој човек барем еднаш во животот сонува такво нешто.