Жените изневеруваат исто колку и мажите само што подобро ги кријат трагите!


Жените изневеруваат речиси подеднакво како и мажите но, се уште постои мислење дека таквите жени се исклучок, а не правило.

Не станува збор за тоа дека жените изневеруваат поретко туку за тоа дека изневеруваат подобро.

Вистината е целосно поинаку. Жените изневеруваат се повеќе и почесто па така статистиката од пред дваесет години покажува дека околу девет отсто биле неверни во врската, а денеска овој број се искачил на рекордни 22 отсто. Имајте предвид дека тоа се само оние жени кои го признале неверството.

 Жените знаат да чуваат тајни

Иако општо познато е дека едно просечно женско друштво за време од еден час ќе ги претресе сите тајни кои ги има во архивата, сепак жените се доста добри во чување на тајни доколку се истите се важни.

Трачевите за комшивката која се среќава со помлад тип, додека нејзиниот маж е на работа е едно, но тајната која има врска со нејзе ќе ја чува како највредно богатство. Тајната за нејзиниот љубовник спаѓа во таа категорија.

 Лагите за сексот се женска специјалност

Секој маж ја прашува жената со колку мажи претходно била, и таа секој ќе го лаже во очи. Општо е познато дека жената „губи од вредноста“ доколку спиела со повеќе мажи па лажењето и прикривањето им доаѓа некако природно.

Тука е и она друго прашање во врска со сексот: кога маж ги прашува како било таа ќе рече „супер“ – па дури и ако било катастрофално. Ваквиот „тренинг“ им овозможува да лажат и за сексот за кој никој не смее да дознае.

 Жените се повнимателни

Голем број неверства се откриени токму поради невнимание: кармин на краватата, туѓи гаќички во станот, кондом кој мажот заборавил да го фрли во ѓубре – мажите се едноставно невнимателни суштества.

Жената која изневерува ќе најде совршено место и време на кое нема никакви шанси некој да ја открие, ќе јапрегледа облеката, ќе се истушира за да не мириса на друг маж. Жените се педантни суштества и подготвени се да ги отстранат доказите до таа мера што ни членовите на CSI не би можеле да ги откријат.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1