Тајните тунели на Черчил отворени за јавноста


Мрежата од тајни воени тунели во Довер, на југоистокот од Англија, која во времето на Втората светска војна е ископана по наредба на британската влада за одбрана од морнарицата на нацистичка Германија, отворена е за посетители на кои им се дава увид во „првата борбена линија на одбраната на британската територија“.tuneli cercil

Огорчен од тоа што германските воени бродови му пловат „пред нос“, тогашниот британски премиер Винстон Черчил наредил во јули 1940 година да се изградат тунелите и за помалку од сто дена бил ископан комплексот наречен „Fan Bay Deep Shelter“ на 23 метри под земјата. Од него 185 војници и четворица офицери со топови возвраќале на бомбардирањето од германските топови.

Во 1950 година тие тунели со површина од 325 квадратни метри биле напуштени, а во 1970-те години и целосно затворени до 2012 година кога комплексот го откупила „National Trust“, британска агенција за заштита и повторно ставање во функција на историските споменици.

По 18 месеци реставраторски работи, од 20-ти јули во функција се тунелите до кои посетителите ги водат 125 скалила. Денес пустите ходници се зајакнати со метални лакови, влажни поради кондензацијата и со постојана температура од 12 Целзиусови степени, некогаш биле вистински „мравјалник“. Во нив воениот живот се одвивал колку што тоа било можно во воени услови и под земји за што сведочат расфрлани телеграми, тикети за обложување и графити, а на еден од нив авторот се жали на недостиг од тоалетна хартија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1