Таксист малтретирал девојка зашто немала ситно


Скопјанка била нападната од таксист бидејќи немала ситно за да плати. На социјалните мрежи девојка се пожали на односот на такси возач кој најпрво ја навредувал а потоа кога сакала да излезе од возилото ја фатил за рака и ја принудил да ја плати услугата.

Скопјанката му дала 1000 денари за сметка од 60 денари по што тој и побарал ситно. Откако му кажала дека нема и побарала тој да раситни, почнал да ја навредува. Девојката му сугерирала дека тој е должен да врати кусур или да ја врати 1000та, по што почнала жестока расправија а според кажувањата на патничката, таксистот се обидел и да ја удри. Скопјанката тврди дека го пријавила возачот во компанијата и дека планира истиот да го пријави и во полиција. Побаравме став од компанијата но не добивме одговор. Од она што успеавме да го дознаеме од терен, колеги на возачот тврдат дека таксистот бил предизвикан така да изреагира бидејќи патничката сакала да замине без да плати. Велат внатрешна контрола од компанијата ќе го расветлува случајот откако ќе ги соочи изјавите на возачот и патникот. Доколку патничката пријавила и во полиција ќе постапуваат надлежните.

Таксистите тврдат пак дека почесто тие се жртви на непристојни патници. Велат бегаат од сред патување за да не платат. Некои дури ги напаѓаат или пак под дејство на алкохол им ги уништуваат возилата.

Граѓаните кои ги анкетиравме велат бираат со која компанија ќе се возат, најчесто поради различните тарифи по кои возат.

Покрај условите за вршење на авто- такси превоз на патници пропишани со одредбите на Законот за превоз во патниот сообраќај, авто- такси превозниците мораат да ги исполнуваат и условите пропишани од страна на советот на општината или на Советот на градот Скопје.

Sitel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1