Таксист од Прилеп доби спор против Македонија во Стразбур


Таксист од Прилеп, кој не знаел дека превезува албански државјани кои нелегално ја преминале границата, ја доби правдата пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а во врска со конфискувањето на неговото возило од марката „Мерцедес“, пишува Академик.55783-sud

Државата треба во рок од 3 месеци од денот на правосилноста на пресудата да му го врати возилото, кое судот му го конфискувал пред 8 години поради повреда на Членот 1 од Протоколот 1 од Европската конвенција за заштита на човековите права. Доколку не постои таква реституција, државата треба да му плати 10.000 евра, во рамките на истиот период од три месеци.

На таксистот исто така треба да му се исплатат 3.000 евра нематеријална штета, како и судски трошоци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1