Презентерката и поранешна Мис на Македонија, Татјана Стојановска, повторно облече венчаница. Стојановска на „Фејсбук“ објави фотографии од нејзиниот нов ангажман, кој е доста поразличен од она светло во кое сме навикнале да ја гледаме.
Станува збор за снимање на видеоспот за химната на „Театар без маска“, под наслов „Игри без дискиминација“ во Македонскиот Народен Театар, во кој се најде и водителката Ирена Спировска, пишува „Хитпортал“.