ФОТО: Ова е жената која го вовлече Том Круз во скиентологијата


Пред да се ожени за австралиската актерка Никол Кидман, актерот Том Круз (52) бил во брак со постара жена. Круз во 1987 година се оженил со актерката Мими Роџерс (58), која била 6 години постара од него.tom-kruz-i-mimi-rodzers-1428394400-56626

Двојката се венчала во тајност, а на церемонијата присуствувала мајката на актерот и кумот Емилио Естевез.

Доброупатени извори тврдат дека Мими веднаш „го зела актерот под свое“. Го вовела во светот на скиентологијата и го научила како да се однесува на црвениот килим и во скапите ресторани.tom-kruz-i-mimi-rodzers-1428394378-56628

Разликата во години никогаш не била проблем кај нив, но двојката се развела по три години брак во 1990 година. Кариерата на Круз се повеќе напредувала и тој веќе ја надминал Роџерс. Исто така тие немале деца, а Мими во некое од подоцнежните интервјуа изјавила дека Том размислувал да стане монах бидејќи бил неплоден. Својата изјава подоцна ја прокоментирала како несолена шега.

– Едвај го чекам моментот кога нема да мора да зборувам повеќе за тој човек  бидејќи ќе биде далечно минато – изјавила Роџерс во 1995 година во интервју за магазинот „Пипл“.tom-kruz-i-mimi-rodzers-1428394353-56624

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1