Водно попушта: Ноќеска одрон над хотелот „Тасино Чешмиче“ – граѓаните во паника


Ноќеска, по полноќ, голем одрон на земјиште ги исплаши жителите на куќите кои се наоѓаат над хотелот “Тасино Чешмиче“ на Водно.

“Се слушна страшен татнеж и тресење на земјиштето. Мислевме дека е земјотрес и дека куќата ни се урива и оди надолу, по падината на Водно“, вели еден од сопствениците.vodno odron tasino cesmice

Хотелот почнал да се гради во 2003-та година и се прави етапно. Инвеститорот неколку пати добивал решение за да ја прекине натамошната градба – широк ископ на земја во брдо на ул. Белградска и да ја отстрани градбата. Ископот ја загрозува сигурноста на околните градби и стабилноста на земјиштето.

Иако, во 2009-та се издадени неколку решенија со напомена дека ќе се пристапи кон присилно административно извршување, досега, велат сопствениците на загрозените куќи, инвеститорот на хотелот “Тасино Чешмиче“ не само што не постапил по тоа, туку и продолжил со градба.

Вознемирените граѓани веднаш дојдоа во општина Центар и надлежните, заедно со градоначалникот Андреј Жерновски, излегоа за да видат што точно се случило и што треба да се преземе.

Градоначалникот Жерновски на соработниците веднаш им издаде наредба да се пристапи ургентно кон решавање на состојбата.

“Не се виновни луѓето што градат, туку оние што им издале дозволи за градба. Интервентно, овде мора да се влезе за да не дојде до катастрофа од поголеми размери“, рече Жерновски.

Општината веднаш ќе побара од градежниот факултет во Скопје итно да ја испита состојбата на земјиштето, потоа ќе се изготви елаборат и ќе се пристапи кон градење на потпорен ѕид.

Telma.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1