Татко го застрелал пијаниот возач кој му ги прегазил и убил двата сина (Видео)


Дејвид Брајас од Тексас е обвинет за убиство, откако го застрелал човекот неколку моменти откако, му ги прегазил двајцата помлади синови.

ht_David_Barajas_father_killed_sons_dui_thg_130212_wgТриесет и едно годишниот Дејвид Барајас е обвинет во понеделникот, откако пред два месеци, неговите два сина Дејвид Јуниор и една година помладиот Калеб загинаа во сообраќајна несреќа, на руралниот пат пред нивниот дом во Хјустон.

Неможејќи да живее со болката, Дејвид го убил дваесет годишниот Хозе Банда, возачот од Малибу, стрелајќи го во главата.

Неговиот син Дејвид, умрел веднаш по несреќата, додека неговиот брат подлегнал на повредеите во болницата. Кога полицајците пристигнале на местото на настанот, тие го забележале мртвото тело на Банда, но не можеле веднаш да го утврдат убиецот и оружјето со кое бил застрелан.

Очевидците на местото на настанот го забележале Барајас како се повлекува во својот дом со оружјето, но откако полицијата ја пребарала неговата куќа, пронашле само футрола и муниција, но не и огненото оружје.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1