Татко и син (8) прегазени во Скопје, со тешки повреди префрлени во болница


Синоќа во 19.00 часот на улица „Перо Наков“ патничко моторно возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(29) од Скопје, удрило во пешаците Б.Д.(41) и едно осумгодишно дете од Скопје.

Б.Д. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар, каде му е укажана лекарска помош и му се констатирани телесни повреди и истиот е задржан за понатамошни испитувања.

Детето со друго возило било пренесено во Градска општа болница Св.Наум Охридски, каде му е укажана лекарска помош и констатирани му се тешки телесни повреди и е задржано за понатамошно лекување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1