Татко и син пиеле ракија- едниот почина, другиот се бори за живот


Исмет Омеровиќ (57) починал во петокот во тузланската болница од прекумерно конзумирање алкохол. Неговиот 15-годишен син, поради труење со алкохол е во кома и е сместен на Клиниката за интензивна нега и реанимација Тузла.

Семејството Омеровиќ е со потекло од Зворник, а живее во пограничната населба Караула во Живиница, Босна и Херцеговина.rakija alkohol

Новости.рс пишува дека во средата таткото и синот со уште неколку жители на оваа населба конзумирале алкохол.

Во средата пиеле ракија со друштво, а утрото таткото почувствувал мачнина. Се жалел на болки во градите и повраќал, а вечерта го однеле во Итна служба. Веднаш бил префрлен во болница во Тузла, каде набрзо умрел. Синот во петокот почувствувал исти мачнини и тој веднаш бил пренесен во Итна, а потоа и во болница. Тој е во кома и не е комуникативен.

По анализите било утврдено дека смртта на Исмет настапила поради труење со алкохол. Во овој случај ќе се врши и понатамошна истрага, а земено е и шишето алкохол од кое конзумирале таткото и синот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1