Татко од Делчево продава срце и бубрег за да го лекува синот


Решен сум да ги продадам својот бубрег и своето срце само моето дете да живее, вели Кирчо Стоилов од Делчево чие дете боледува од аутизам и има оштетување на мозокот, објави Алсат М.tatko(1)

Таткото на четиригодишниот Матеј објаснува дека и тој и сопругата не работат. Живеат во стан кој им го доделила државата и немаат пари да го лекуваат нивниот син. Кирчо бара помош за да направи пет-скен дијагностика за своето дете. Лекарите го предупредиле дека може детето да остане неподвижно ако не се дијагностицира до каде напреднала неговата болест и ако не се преземат итни мерки.

– Сакам единствено ако треба и на државата да си го дадам бубрегот да ми дадат средства, да ми се однесе детето да ми се оправи, бидејќи не сакам да ми заврши трагично. Барам до сите граѓани на кои им е потребен бубрег лично веднаш сè што треба ќе потпишам, ако треба и срце исто, мојот живот ќе отиде ама детето ќе ми е со сопругата… – рече Кирчо Стоилов татко на Матеј.

Велат дека снимкаташто треба да се направи врз Матеј чини околу 1.600 евра.

На семејството Стоилови месечно за лекови му требаат по 10.000 денари, кои тие ги немаат. Поради тоа, Матеј е веќе еден месец без лекови. Велат дека се обиделе да соберат конзилијарно мислење за синот да го пратат на лекување во Италија, но постојано ги препраќале од врата на врата. Неколку пати биле во Министерството за здравство за да побараат помош, но велат – сè уште не добиле одговор.

Во Министерството за здравство по објавувањето на веста за овој случај не се огласиле и покрај тоа што изјавиле дека ќе го разгледаат случајот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1