Телото на Стивен Радерхем (48) пронајдено е на гробишта во британскиот град Хал. Таткото на две деца се обесил откако на Фејсбук некој направил слика од него на која биле неговите податоци, име , адреса, маил и назнака „валкан перверзник“.
Пораката за неговата наводна педофилија за само 15 минути ја заобиколи социјалната мрежа, а три дена потоа тој се обесил на локалните гробишта. Неговата ќерка Бетани Бомонт на сослушување рекла: „Животот на невин човек целосно е уништен“.
Човекот всушност сакал да заштити девојче – тој забележал како едно 14-годишно девојче на Фејсбук му дава податоци на 60-годишник. Свесен за опасноста во која девојчето може да упадне, оставил коментар на нејзиниот профил и ја предупредил да не дава свои информации на луѓе кои не ги познава.
Друг корисник, потоа го обележал како педофил и направил банер, кој за брзо време го виделе стотици луѓе. Радерхам почнал да добива пораки кои содржеле закани со смрт и кастрација.
Прво се обидувал да објасни, но пораките биле се повеќе и тој незнаејќи како да се справи се повлекотл, не излегувал од дома.
„Ги мразеше педофилите. Обвинувањата дека е еден од нив потполно го скршија, а немаше начин како да објасни – таа фотографија се ширеше како вирус“, додаваат неговите блиски.