Таткото на пилотот-убиец Андреас Лубиц проговори за прв пат по трагедијата со авионот. Тој рече дека трагедијата му тежи на совеста. Се претпоставува дека исповедта е направена пред Бернард Бартолини, градоначалникот на Прада уд Блеон (Prads-Haute-Bléone), мало гратче, лоцирано до местото на несреќата, за време на молитвата за роднините на загинатите.
Во интервју за францускиот весник “Фигаро “Бартолини рекол дека таткото на Лубиц е” поразен “, исполнет со тага поради смртта на неговиот син и она што тој го има направено. Бартолини додаде дека таткото “го носи товарот на трагедијата на рамената”.
Сега и откритијата за страдањата на родителите на Лубиц се појавија на виделина, откако стана јасно дека пилотот имал проблеми со видот во неделите пред несреќата. Лубиц за последно побарал медицинска помош во врска со видот на 10 март, плашејќи се дека проблемите со очите би можеле да го чинат кариера како пилот.
Од полицијата исто така, објавија дека таа пронашле докази во неговиот дом, кои наведуваат на мислата, дека тој е болен од “сериозни психосоматски заболувања”. Полицајците во неговиот стан во Дизелдорф пронашле различни лекови кои се користат за лекување на ментални болести. Тоа ги натерало да веруваат дека тој бил силно депресивен.