Таткото на Тијана, малото ангелче од Србија кое беше убиено и брутално мачено, вели дека се шокирал дента кога се соочил со убиецот на својата ќерка.
За српскиот Курир изјавува дека и покрај грозоморното дело во кое го загуби чедото, очекувал барем ронка каење во очите на убиецот, но не видел такво нешто.
– Очекував со некој гест да покаже дека му е жал, дека се кае, но не ме ни погледна, вели шокираниот Игор Јуриќ за убиецот Драган.
Тој бара максимална казна за монструмот кој пред околу една година ја тепаше силуваше и уби неговата ќерка.