Тавчиња со керамичка облога поопасни и од тефлонот – еве што содржат


Сте прочитале ли за штетноста на тефлонот, одлучивте ли да ги исфрлите тефлонските садови од кујната? Во потрага ли сте по нови, поздрави и безопасни садови? Дали ви влегоа во око оние убави бели тави и лонци со „револуционерниот“ керамички облог? Иако на нив пишува дека се „green“, „eco“ и „healthy“, овие тавчиња се можеби дури и поопасни од тефлонот.

Тавите со штетниот керамички облог неодамна се појавија на пазарот. Нивната изработка е можна благодарение на напредокот на технологијата. Се работи за „револуционерна“ облога која се состои од наночестички во керамиката, која се лепи на тавата со помош на посебно лепило.

keramicka tavaПрвото нешто што загрижува е употребата на лепилото. Новинарите ги прашале произведувачите како ова лепило се однесува при високи температури и гребнатинки, па колкаво количество од тоа лепило се испушта во храната. Не добиле одговор. Но,она што навистина загрижува е употребата на наночестичките.

Проблемот е во тоа што нанотехнологијата е сосем нова гранка во науката. Нанопроизводите почнаа да се продаваат без неопходните истражувања и проверки. Имено, не е потполно јасно како наночестичките влијаат на нашето здравје и околината.

Произведувачите на нанокерамички тави би требало да одговорат на следниве прашања: Колку наночестички се испуштаат во воздухот? Дали, преку храната, ги внесуваме во организмот? Како тие влијаат во нашиот организам? и сл. За жал, нема наскоро да добиете одговор на овие прашања бидејќи сè уште не постои технологија за мерење на испуштени наночестички.

Загрижуваат резултатите од истражувањата за делувањето на наночестичките врз човечкиот организам и околината. Откриено е дека наночестичките делуваат на многу агресивен начин. Наночестичките брзо влегуваат во нашиот организам. Малечки се и подвижни, па заради тоа нашиот имунитет не ги препознава. Еве како влијаат врз нас:

– честички со големина од 70 нанометри се прихрануваат длабоко во нашите бели дробови,

– честички со големина од 50 нанометри без проблеми навлегуваат во нашите станици,

– честички со големина од 30 нанометри ги преминуваат крвно-мозочните бариери и влегуваат во мозокот.

Ако сè уште не сте прочитале за штетното дејство на тефлонот, накратко ќе ги наброиме причините заради кои би требало да го одбегнувате:

teflon– Спротивно од она што го велат рекламните пораки, тефлонот не поднесува температури на кои се подготвува храната.

– Кај загреаната тефлонска тава на температура од 240-350°C доаѓа до распаѓање на тефлонот и испуштање на отровна пареа.

– При овие температури се ослободуваат големи количества флуорна киселина, тетрафлуоретилен и хексафлуорпропен – ситни наночестички на тефлонот.

– При повисоки температури (кои можете да ги постигнете оставајќи ја тавата на оган само 3 минути), се испуштаат уште поштетни отрови како перфлуоризобутен и карбонилфлуорид.

– Тетрафлуоретилен, перфлуороктанска киселина и перфлуоризобутен се канцерогени и десетпати потоксични од конвенионалниот воен отров на фосгената и монофлуороцтена киселина која може да предизвика смрт и во ниски концентрации.

– Тефлонот е производ на полимерната индустрија која за време на Втората светска војна е употребуван во процесот на производство на нуклеарни бомби.

– ПФЦ спојките, кои се содржат во тефлонот, се отровни и биолошки неразградливи.

– ПФЦ ја нарушува хормонската рамнотежа во организмот, може да предизвика многу видови на карцином, го оштетува имуносоставот и го спречува нормалниот развој на фетусот.

– Паметен избор е да ги исфрлите тефлонските садови од кујната. Но со што да ги замените? Кои садови се здрави, а кои не се? А со што, пак, да го замените тавчето за палачинки?!

Денес во супермаркетите можеме да видиме бели и шарени тави, сет садови со штетниот керамички слој. Изгледаат многу привлечно и се чини како здрава алтернатива за тефлонските садови. За жал, иако на нив пишува дека се еколошки прифатливи и здрави, тоа е далеку од вистината.

Здрава алтернатива за тефлонот и нанокерамичките тави

Прашањето останува: со што да се заменат тефлонските садови? Садовите од нерѓосувачки челик, квалитетно емајлирани садови, стаклени, глинени и керамички садови (не нанокерамички!) претставуваат одлични и здрави садови за подготвување на храна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1