Докторката која спаси многу животи, ја загуби битката со најтешката болест. почина д-р Евица Бојаџиева за која јавноста се крена на нозе по хуманитарниот повик.
Како што дознава Курир, Бојаџиева почина вчера утрото во својот дом. Третманот на нејзината болест траеше до 20-ти јануари. Таа се лекуваше во Кина. Најпрво добивме позитивни вести дека третманот е успешен, но најкобната болест стана безмилосна.
По третманот, се јавија метастази кои ги зафатија повеќето органи. Бојаџиева почина откако целосно и откажа црниот дроб.
Погребот ќе биде утре во Штип.
Таа боледуваше од еден од најретките и најагресивни карциноми на црниот дроб Cholangiocarcinoma. Сите напори за евентуален оперативен третман во специјализираните центри во Словенија, Германија и Италија беа неуспешни поради инвазивноста на болеста.