tecen silikonНајмалку 40 илјади жени биле изложени на ваква операција во земјата. Ваквиот материјал предизвикува деформации на телото, а во некои случаи и смрт. Постапката е забранета, но жените сепак наоѓаат „доброволци“ кои ќе ги оперираат. 45 – годишната Мерцедес раскажува како се решила да го заобли својот задник за да повторно да го освои сопругот и да го спаси бракот. Сега жали заради одлуката.

„Толку боли, што не можам да седам ниту 5 минути“, вели жената.

За интервенцијата платила 800 долари, а болки почувствувала неколку дена подоцна. Научила да живее со овој проблем, како и со критиките од страна на семејството.

tekuci-silikon-1385249636-402013Мерцедес си го вратила сопругот, но веќе не сака да се соблече пред него бидејќи задникот и е полн со лузни. Секс не и паѓа на памет.
Астрид де ла Роса која исто така биле подложена на истата постапка, но нејзе гелот и се распоредил по бутовите и грбот, формирала здружение за жени кои минале низ истото.

Иако владата на Венецуела постапката ја забранила во 2012 година, жените и натаму се оперираат. Властите тужеле некои од лекарите и козметичарите бидејќи се уште работат со забранетото средство. Само двајца лекари во Каракас можат да им помогнат на жените. Еден од нив е д-р Даниел Слободианик. Во неговата чекална само се стои бидејќи повеќето жени имаат преголеми болки. Меѓу нив е и една 60 – годишна жена која едвај се движи од болка.

Слободианик вели дека од 2011 година видел барем 400 жени со истиот проблем. Постапката за вадење се уште е експериментална и чини 6 илјади долари. Се уште не може да се дадат долгорочни гаранции. Докторот веќе оперирал 50 жени и неколкумина мажи. Сепак, дел од силиконот останува во телото. Тоа е неизлечива болест, вели тој.