Тегоби во желудник, надуеност – од Хеликобактер е заразен пола свет – симптоми и како се лечи


Половина популација во животот добива  инфекција „хеликобактер пилори“. Хеликобактер пилори е грам негативна стапчеста бактерија,откриена во 1982година од двајца Австралиски научници,за кое откритие добиле Нобелова награда во 2оо5година

helikobakter

Речиси секој втор човек има некакви тегоби со желудникот. Некои се жалат на често подждригнување, други дека ги измачуваат киселини, трети дека имаат болка, печење или жарење во пределот на желудникот, некои, пак, велат дека имаат чувство на надуеност во стомакот. Сите овие симптоми, според гастроентерохепатолозите, укажуваат на воспаление на слузокожата на желудникот, кое може да биде акутно или да премине во хронична форма.

До 1982 година се мислело дека овие тегоби се последица на стрес, кисела храна и лошите животни навики, како што се пушењето и алкохолот. Денеска се знае дека најчеста причина за оваа инфекција е бактеријата хеликобактер пилори (ХП), која едноставно го „јаде“ желудникот.

Хеликобактер пилори живее во слузницата на желудникот кај човекот,од животните е пронајден уште кај мачките.Оваа бактерија може да предизвика разни воспаленија како што се  воспаленија на желудникот и дванаестопалачното црево,чир на желудникот и дванаестопалачното црево,лимфом и рак.

H pylori DJХеликобактерот една од најчестите хронични болести кај човекот.Бактеријата во 80%од случаевите не предизвикува никакви симптоми-нема заболување,но сепак е причина за повеќе заболувања како што е воспаление на желудникот и чир на дванаестопалачното црево. Се манифестира со гастрична болка, жарење и печење во пределот на желудникот, киселини, чувство на надуеност, гадење и повраќање.

Доколку болеста не се лекува во оваа фаза, таа преминува во хроничен гастритис и дуоденитис, што понатаму може да доведе до појава на чир на желудникот и на дванаесетпрсното црево. Овие заболувања може да бидат животозагрожувачки доколку настане нивно напукнување – перфорација, крвавење и појава на црн измет, како и повраќање на црна содржина како талог од кафе.

Како можеме да се инфицираме со хеликобактер бактерија

helicobacter_engНајголем број лица ја стекнуваат оваа инфекција уште во детството. Полошиот социјално-економски статус, каков што е најчесто во неразвиените земји, ја зголемува шансата за инфекција. Најчесто тешко е да се утврди вистинскиот пат на пренесување, бидејќи инфекцијата може да опстои со години без симптоми, а најчесто се дијагностицира подоцна во животот. Загадената храна (свежо, недоволно испрано овошје, зеленчук), недоволно чиста вода, валкани раце – се најчести патишта на пренос на оваа инфекција (фекално-орален).

Со иследувањата е докажано дека во мал процент може да развие и рак на желудникот.Покрај високата застапеност ,80% од позитивните случаеви,немаат никакви симптоми и бактеријата не предизвикува никакво заболување.Земјите со понизок стандард имаат повисока стапка на заболеност(некои области во Африка дури и до 90%).Иследувањето се врши со низа високо сензитивни тестови и во нашите клиники.

Сите позитивни (хеликобактер пилори)пациенти не се лекуваат.Под третман требе да бидат пациенти со диспептички симптоми(гастритис,воспаление на дванаестопалачното црево,пациенти со чир на желудник, дванаестопалачно црево,оперирани од карцином на желудник,атрофичен гастрит,ит.н.-железо дефицитна анемија,идиопатска тромбоцитопенична пурпура.

Оваа терапија подразбира третман со два различни антибиотика и еден инхибитор на протонска пумпа, кој го намалува лачењето на желудочната киселина. По десетдневната тројна терапија третманот продолжува само со инхибитор на протонска пумпа за извесен период. Доколку бактеријата се’ уште е присутна и покрај редовно користената терапија и пациентот има и понатаму симптоми, тогаш се повторува тројната терапија со замена на еден од антибиотиците, или пак се користи и т.н. четиривалентна терапија, во која влегува и бизмут.

stomak bolkiСе употребуваат повеќе варијации на антибиотици и инхибитори на протонска пумпа кои имаат различна ефикасност. Најчесто користени антибиотици се: кларитромицин или азитромцин во комбинација со амокисицилин и метронидазоле за пациенти алергични на пеницилин. Во поново време се’ почесто се употребува и левофлоацин, кој има доста добро антихеликобактерно дејство. Инхибиторите на протонска пумпа кои најчесто се користат се: омепразол, пантопразоле и поновиот есомепразол.

Бидејќи од ден на ден расте антибиотската резистенција на бактеријата, стратегијата за уништување на хеликобактер-инфекцијата треба да се движи кон превенција на желудникот од оваа бактерија. Познати се студии кои го откриваат антихеликобактер-дејството на брокулата, црвеното вино, лукот, зелениот чај, како и на пробиотиците и флавоноидите.

Како се лечи инфекцијата со хеликобактер?

h9991459_001Оваа бактерија е доста отпорна на примена на стандардната антибиотска терапија, бидејќи самите антибиотици не се доволни за успешно лекување. Неопходна е истовремена примена на лековите кои спречуваат секреција на киселината во желудникот и комбинација на два антибиотици во одреден временски период.

Постојат договорени тераписки протоколи кои ја дефинираат употребата на соодветни лекови, а кои најчесто се применуваат во клиничката практика.

Постојат повеќе протоколи за третман на ова заболување. Денешните ставови се  третман од 7-14дена со тројна терапија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1