Телефонот го чува и избришаното – еве како да го исчистите пред да го дадете некому


Денеска е речиси невозможно да се замисли животот без паметните телефони, кои освен за разговори и праќање пораки, со нив можеме да сурфаме на интернет, да праќаме и примаме мејлови, а голем дел од нив ги заменија и фотоапаратите и картичките за банкомат.

smartphone-appleСо оглед колку се користат, телефоните на денешните корисници се преполни со приватни информации и би можел во голема мера да ви наштети непознато лице, доколку истото се дограби до приватните пораки, мејлови, интимни фотографии, податоци од друштвените мрежи, односно информации за банковните сметки и картици.

Мат Картер веќе пет години ја проучува сигурноста на паметните телефони за „Business Insider“ и вели дека корисниците мораат да бидат доста внимателни околу податоците, кои ги имаат на своите мобилни уреди, затоа што други лица тие податоци би можеле да ги искористат па макар биле и избришани, односно доколку телефоните се ресетирани на фабрички поставки. Имено, покрај софтверот за форензичко враќање на податоците, можно е да се извлече и голема количина на податоци од ресетираните мобилни уреди.

Ова е предупредување дека голем број на телефони кои ги продаваат компаниите кои се занимаваат со рецеклирање на крајот повторно можат да се појават на пазарот и да се продаваат како користени телефони, со кои е можно да се извлечат податоци за претходните сопственици. Проблем е што ваквите телефони се често интересни за хакерите, кои по пат на софтверот за мобилна форензика, можат од нив да извлечат голем број на приватни податоци за кои поранешните сопственици мислат дека се избришани засекогаш и да ги искористат против нив. Картер вели дека со користење на таквиот софтвер може да се пристапи со следните податоци.

Фотографија и видеозапис – дури и веднаш да избришете некоја фотографија, таа како и сите останати фотографии и видеозаписи од телефонот, може да се спасат. Имено Картер вели дека со бришење на податоците и ресетирање на телефонот, не се бришат самите датотеки кои остануваат во меморијата на телефонот, туку само патот кои стига до нив, а софтверот за мобилна форензика пронаоѓа нов пат до истите тие податоци и фотографии па на тој начин повторно може да им се пристапи.

Податоци за банковните апликации – иако банките на големо нагласуваат дека ставиле сигурност на мобилните апликации, користењето на посебен софтвер може да им пристапи на тие податоци, вклучувајќи и лозинки кои се користат за движење на банкарските апликации. Картер напоменува дека на овој начин може да се дојде до информации за сите апликации кои се симнати на телефоните и корисничките податоци поврзани со тие апликации.

СМС пораки и мејлови – со телефонот можат да се извлечат и информации не само за примени и испратени мејлови и СМС пораки, туку податоци за допишување по пат на популарни апликаци како WhatsAppa, Skypea и други, а количината на податоците кои можат да се докопаат до телефоните зависи единствено од трпението на хакерите.

Историјата на сурфањето преку интернет – како минува времето со сурфањето на интернет преку паметните телефони,останува во меморијата на телефонот и по ресетирањето и бришењето на податоците дополнително да се дознае кои страници биле избришани со мобилниот уред

Локација – Уште еден податок кој може дополнително да се извлече од телефонот се информации за локациите кои корисниците ги посетиле – секој пат кога сопствениците на телефонот „тагирале“ на некое место таа информација останува во телефонот и може да и се пристапи. Едно од решението кое би можело да запали за целосно бришење на податоците е повеќекратното враќање на телефонот на почетната основа – иако овој метод не е 100% докажан, постои можност да со повеќекратно ресетирање на мобилниот уред сепак да се спречи дополнително извлекување на податоците.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1