Премиерот Никола Груевски телефонски му ја честитал победата на Зоран Заев на внатрепартиските избори во СДСМ, дознава Press24 од извори во кабинетот на претседателот на Владата.
Според информациите, Груевски на Заев му посакал добро здравје и мудрост во работата.
Согласно претходно востановената пракса за средба на премиерот со лидерот на опозицијата Груевски го поканил Заев на зеднички состанок кој според извори на Press24 во Владата, ќе се одржи на 6 јуни во 13 часот на Илинденска.