Тело на повозрасен човек лежи на пешачкиот премин карши клубот на пратениците од 14.30 часот, објавува Курир.
Според првичните информации, починатиот најверојатно се лизнал, паднал и починал на лице место. Во полиција пријавил случаен минувач, но според фотографијата и информациите на Курир неговото тело е се уште на улицата. полициски екипи вршат увид и работат на идентификација на починатиот.
Фото – Курир