Тело во распаѓање најдено во Тетово


Безживотно тело на непознат маж во поодмината фаза на распаѓање било пронајдено денеска, околу 14 часот под скалите за текстилните фабрики, сместени во недовршената сала на спортскиот центар во Тетово, изјавил за Дневник портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Телото прв го пронашло лице кое го користело објектот за свое привремено засолништво. По што била повикана екипа на Брза помош и Противпожарната единица за извлекување на телото, кое се наоѓало на тешко достапно место.

Според првичниот увид од страна на лекар од судска медицина, кој е вклучен во увидната екипа, на телото не се забележани траги од насилство.

– По извлекувањето телото ќе биде префрлено на Одделението за судска медицина во Тетовската болница за утврдување на идентитетот и точните причини за смртта, а полицијата веќе има првични сознанија околу идентитетот на починатиот што најверојатно ќе биде утврден за многу кратко време, изјави Јосифовски.

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1