Шеесет и едно годишниот скопјанец Борис С. е лицето кое вчера го загуби животот во сообраќајка несреќа која се случи на мостот „Гоце Делчев“.
Од полицијата денес информираат дека во несреќата учествувале „Цитроен“ кој го управувал Ф.Т.(29) и „Фиат Пунто“ управувано од Борис кој починал на лице место.
По ударот со Цитроен, Фиатот ја проби ограда на мостот. Дел од медиумите вчера објавија дека Борис доживеал срцев удар и починал.
Сепак, по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција чии резултати ќе ја покажат причината за смртта.
Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.