Телото на починатиот возач кој удри во мостот „Гоце Делчев“ дадено на обдукција


Шеесет и едно годишниот скопјанец Борис С. е лицето кое вчера го загуби животот во сообраќајка несреќа која се случи на мостот „Гоце Делчев“.

Од полицијата денес информираат дека во несреќата учествувале „Цитроен“ кој го управувал Ф.Т.(29) и „Фиат Пунто“ управувано од Борис кој починал на лице место.Screenshot_162

По ударот со Цитроен, Фиатот ја проби ограда на мостот. Дел од медиумите вчера објавија дека Борис доживеал срцев удар и починал.

Сепак, по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција чии резултати ќе ја покажат причината за смртта.

Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1