Почина уште една славна личност: Музичарот пронајден мртов, полицијата се сомнева во самоубиство!


Основачот и клавијатурист на култниот рок бенд Emerson, Lake and Palmer, 72-годишниот Кит Емерсон, за чијашто смрт во петокот на официјалниот Facebook профил известија членовите на групата, веројатно се убил со истрел во главата, објави полицијата.

Телото на Кит Емерсон во заедничкиот стан во Санта Моника го пронашла неговата партнерка Мери Кавагучи, а околностите на самоубиството се истражуваат, изјави портпаролката на полицијата Ерика Аклафи.kit emerson

Музичарот кој се смета за еден од најдобрите клавијатуристи на прогресивниот рок во историјата „беше чувствителна душа чијашто љубов кон музиката и страста кон клавијатуристичките музички делници уште долго ќе остане недостигната“, напиша на Facebook страницата на групата еден од членовите, Карл Палмер.

„Беше пионер и иноватор, чиј музички гениј влијаеше на сите нас во светот на рокот, класичната музика и џезот“, додаде Палмер, порачувајќи дека е длабоко натажен од заминувањето на пријателот и братот по музиката.

Кит Емерсон е роден во 1944 во селото Тодморден во британската грофовија Јоркшир, а во 1960-те свирел клавијатури во многу бендови. Кариерата ја започна во Кит Емерсон триото и ја продолжи во T-Bones, но првиот позначаен успех го постигна со групата The Nice.

Светската слава ја стекна во групата Emerson, Lake and Palmer, чиј основач е. Групата во седумдесеттите години од минатиот век објави девет студиски албуми, а се распадна во текот на осумдесеттите.

Емерсон ја продолжи соло кариерата, останувајќи многу активен во музичкиот свет. Во 2002 година го обнови бендот The Nice со кој беше на турнеја. Во 2014 година ја издаде автобиографијата „Pictures of en Exhibitionist“, а последниот концерт го одржа во 2015 година во лондонски „Барбакан“.

Агенцијата AFP пишува дека следниот месец требало да замине на турнеја по Јапонија, каде што своевремено ELP беа извонредно популарни.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1