Телото на Сашко Коцев утре пристигнува во Македонија


На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје утре попладне се очекува да пристигне телото на починатиот штипјанец во Шпанија. Телото на 33-годишниот Сашко Коцев кој почина во сообраќајна несреќа ќе биде транспортирано во Скопје, а од таму во Штип каде во четврток е предвидено да се изврши погребот.saskokocev1

До вчера на телефонска линија за донирање се собрани 71.100 денари или околу 1150 евра. Со веќе уплатените 1300 евра, тоа значи дека за две седмици собрани се околу 2500 евра. Општина Штип апелира и понатаму да се донира, со оглед на тоа што мобилната донаторска линија ќе биде отворена уште неполни две седмици до кога треба да се собере сумата од околу 4000 евра.

Сите правни и физички лица да донираат на телефонот 077 143 600, каде цената на донацијата е 100 денари од повик односно 118 со ДДВ. Но, сите оние кои сакаат да донираат поголема сума, можат средствата да ги уплатат на трансакциска сметка на таткото на починатиот, Томислав Коцев во НЛБ тутунска банка, сметка број 210501596059292 со назнака, „донација за Сашко Коцев”. Коцев почина во бизарна сообраќајна несреќа, кога товарен камион го прегази при враќање во рикверц.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1