Температурен шок: Следува голем студ на Балканот


По бранот врнежи кои што се очекуваат викендов, следува период на релативно суво и студено време. Kон крајот на викендот над Балканот ќе се спушти поларна воздушна маса која ќе допринесе за значителен пад на температурата. Во голем дел од балканот се очекува температура под нормалната за тој дел од годината, пренесува Метеопро.

ECM1-120-2_thumb_medium500_296

Оваа ситуација нема да ја одмине ниту Македонија, но кај нас падот на температурата ќе биде поосетен од вторник, а особено од среда.

Во вторник минималаната температура низ земјава ќе се спушти под нулата, и ќе биде во интервалот од -10°С до -3°С.

Денот, по метеоролошката терминологија, ќе биде мразен ден, односно ниту максималната температура нема де се „искачи“ над 0°С. Низ котлините од земјава таа ќе биде во интервалот од-4°С до -1°С.

Среда, 31ви декември, ни носи уште постудено утро. Минималната температура на воздухот во голем дел од земјава ќе има вредност околу -10°С. Преку ден максималната температура низ котлините ќе има вредност околу -5°С.

Новата година, во четврток, ја започнуваме со минимална вредност на температурата која ќе биде во интервалот од -9 до -13°С, додека дневниот максимум и понатму останува околу вредноста -5°С!

*Малку потопло за разлика од останатите места во земјава, ќе биде во Гевгелиско-Дојранскиот регион, но сепак и таму температурата ќе биде под 0°С.

Трендот на ниски температури најверојатно ќе остане до Божиќ, но сепак оваа информација треба да се земе со резерва и да се има во предвид дека до Божиќ има повеќе од 10 дена.Во втората половина од наредната недела постои можност за повремени врнежи од снег.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1