Тенисерката Петра Квитова нападната со нож во својот дом


Двократната шампионка на Вимблдон, чешката тенисерка Петра Квитова нападната е со нож во својот дом во обидот за грабеж.petra-kvitova-640x525

Информацијата за ваквата немила случка ја пренесе портпаролот на тенисерката Карел Тејкал кој изјави дека таа е повредена во левата рака и е надвор од животна опасност.

Според неговите информации инцидентот се случил утринава во чешкиот град Простејов и тоа при обид за грабеж. Квитова пред краток период се повлече од чешката репрезентација која ќе настапи во Хопман купот, поради повреда на стопалото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1