Теорија на заговор: Милошевиќ живее во Русија?


Несомнено смртта на Милошевиќ на многумина им одговараше. Сепак, самиот факт дека никој не го видел неговото мртво тело (освен патолозите Холанѓанин, Русин и Србин), потоа приказната дека во неговото тело најден е лек кој предизвикува состојба на целосна заспаност- некој вид на длабок сон кој наликува на смрт, како и сознанието дека никој никогаш не сакаше да го ексхумира неговото тело за да се демантираат бројните теории на завера, отвораат врати за сомневање дека Слободан Милошевиќ и денес е жив, пишува српски Курир

slobodan milosevicЗа смртта на Милошевиќ се врзуваат најразлични приказни. Фактите говорат дека на 11 март 2006 година, според информациите од Хашкиот трибунал, во притворската единица на затворот во Шевенинген, починал претседателот на Србија и СРЈ, Слободан Милошевиќ.

По овие вести, највисоките меѓународни функционери, но и службеници на хашкиот суд, многу незаинтересирано реагираа на оваа информација. Реално, таквиот исход им одговараше на многумина, затоа што прекинот на судскиот процес во Хаг, освен Србија, одеше во корист на многу светски центри на моќ, кои беа вмешани во крвавите судири на подрачјето на поранешна Југославија, а на кои им се закануваше откривање, затоа што биле отворени тајните на југоархивата. Сето тоа со време, ја загреа приказната дека Милошевиќ не починал во Хаг, туку неговата смрт била исценирата на што упатувале и бројни докази.

Бидејќи Милошевиќ беше закопан на прилично необично место, и никој не го виде неговото мртво тело, и со оглед на фактот дека никој од неговото семејство не го посетува негоиот гроб, не е невозможно, и Милошевиќ како и целото негово семејство (сопругата, ќерката, синот и братот) да живее во Русија.

mirjana-markovic-i-slobodanОваа теза дополнително беше актуелизирана, откако како причина за неговата смрт беше наведен инфаркт, утврден еден ден подоцна, по извршената обдукција во која покрај холандските лекари, учествувале и руски патолози и патолози од Србија.

Со нивниот наод експресно се сложиле српските власти, кои организирале итен транспорт и погреб.

Освен познатите политички и историски врски со Русија, братот на Милошевиќ имал кариера тесно поврзана со Русија, каде во 70-тите започнал дипломатска служба. Се говорело и дека е човек на КГБ.

Службениот наод од патолозите никогаш не бил објавен, а фактот дека името на патологот го нема никаде во Србија придонесува за уште поголемо сомневање. Четири месеци пред смртта на Милошевиќ, тој бил прегледан од лекари кои советувале тој да оди на преглед во Русија, но трибуналот тоа го одбил. Неколку дена подоцна, Милошевиќ наводно умрел, а индикативно е и тоа што неговиот брат неколку дена пред смртта на Милошевиќ заминал во Русија.

mirjana-markovic-i-slobodanХоландскиот затворски лекар, две недели пред смртта на Милошевиќ, во неговата крв најде траги од лек рифампицин, кој го намалува ефектот на лековите против висок притисок кои тој ги користел. Токсиколошкото одделение открило присуство на уште еден лек дроперидол, кој според фармацевтите може да го донесе човечкиот организам во состојба на длабок сон, налик на смрт. Овој лек се произведува во Франција, а интересен е фактот што еден од лекарите бил токму од таму. На ова треба да се додаде и фактот дека камерите во затворот биле исклучени во време кога тој починал. Карла дел Понте на конференција изјави дека „таа ноќ немало редовна контрола на секој половина час“.

Самиот погреб е еден вид на сведоштво за измама која не можела да биде изведена без дозвола и знаење на светските сили САД и Русија, заклучува весникот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1