Доцна попладнево, нешто пред 18 часот, на булеварот Партизански одреди во населбата Карпош 4, се случила групна тепачка помеѓу две групи, пренесува Нетпрес
Поради нарушување на јавниот ред и мир, полицијата набргу интервенирала и пет лица се веќе приведени на распит во полициската станица во Карпош.
Според неофицијални податоци, има и повредени, но повеќе детали полицијата најавува за подоцна.