Лошите резултати што ги оствари кандидатот за градоначалник на “Сојузот за иднината“ Менде Диневски најверојатно беа причина за инцидент во седиштето на СДСМ во Битола – објавува Нова Македонија,
Според очевидците таму се случила тепачка и кршење на инвентарот.
Битолската полиција го потврди инцидентот и моментно се наоѓа во седиштето на СДСМ да спречи инцидентот да се прошири.
Засега не се знае за каков инцидент се работи, бидејќи пред седиштето на СДСМ има многу полиција, а на сите им е забрането да излегуваат од зградата.