Терористите ја нападнале полицијата со снајпери, бомби и автоматско оружје – Прес на МВР


Во кусата прес конференција во МВР беше побарано разбирање и трпение од граѓаните.

Според помошникот министер за односи со јавност Иво Котевски, МВР неколку дена имала информација дека вооружена група од соседна земја пред некој ден влегла нелегално во Македонија и се засолнила кај свои поддржувачи во неколку куќи во населба во Куманово. Со оглед на фактот дека МВР имало информација дека се подготвени за терористички напади на клучни објекти во земјава утринава била спроведена акција за нивно разбивање.

ivo kotevski

Според МВР се работи за добро вооружена и обучена терористичка група која била засолнета во неколку куќи во дивата наслеба во Куманово каде има тесни улички и тежок терен за акција. Откако биле нападнати од страна на полицијата терористите возвратиле со жесток оган, со бомби снајпери и автоматско оружје ги нападнале полицајците .

Според информациите терористите се опколени.

Полицијата апелира на трпение од населението бидејќи мора да изврши претрес во куќите.

– Групата влегла илегално во Македонија од соседна држава и преку свои поддржувачи се засолнила подготвувајќи се за терористички напади. Лоцирани се во неколку куќи во кумановската Дива населба. Станува збор за добро вооружена и обучена група за борба во вакви услови . специјалните едници во 5 часот утринава отпочнале со реализација на планот за разбивање на групата, но наишле на жесток отпор од терористите, рече Котевски. Тие ги нападнале полициските сили со бомби и рафали.

– Се уште се во тек активностите на терен. Заради специфичноста на теренот полицијата напредува тактички и врши прегледи во куќите од безбедносни причини. Апелираме граѓаните да останат мирни и да се воздржуваат – порача тој.

Заради чувствителноста на ситуација, додаде, МВР не може да соопшти повеќе детали.
Портпаролот не даде информација колку припадници на безбедносните сили се повредени и дали има загинати, но според последните неофицијални податоци на скопските клиники се префрлени околу дваесетина полицајци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1